Димитров: Македонската суштина е бесмртен „вирус“ против кој залудно се бара вакцина

192

Идејата на Договорот за добрососедство беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината, порача на социјалните мрежи вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во однос на преговорите со источниот сосед.

Тој повикува билатералните прашања да се решаваат без истите да бидат пречка на патот кон ЕУ.

– Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит – нагласува Димитров во својата објава.

Според него, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои, како што вели, нема отстапување.

– Ова е бесмртниот „вирус“ на идеали против кој залудно се бара вакцина – порачува вицепремиерот.