Димитров до Ди Мајо: Голема доблест е што ни честитате во тешки моменти

373

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари телефонски разговор со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо, на барање на италијанската страна.

– Ди Мајо му честиташе на Димитров за позитивната одлука на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија, истакнувајќи дека и покрај тешките моменти во кои се наоѓа неговата земја, сака да им честита на македонските граѓани за овој долгоочекуван успех – се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Димитров му се заблагодарил на својот италијански колега за континуираната поддршка, но пред се’ за вниманието и посветеноста од Италија токму во нејзините најтешки моменти предизвикани од пандемијата.

Министерот изразил и длабоко сочувство до италијанските граѓани за големиот број жртви и упатил желби за поскоро оздравување на оние кои се’ уште се борат со болеста, како и за што поскоро надминување на сите предизвици со кои се соочува Италија во овие тешки мигови.