Димитров денеска ќе дава отчет пред собраниската Комисија за надворешна политика

101

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе дава отчет пред собраниската Комисија за надворешна политика, во врска со недобивањето на датум за преговори од Брисел.

Со денешнаа собраниска седница ќе претседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на македонската дипломатија, Антонио Милошоски.

Димитров и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, вчера даваа отчет пред пратениците на седница на Комисијата посветена на евроинтегративните процеси во Македонија по Самитот на Европскиот совет што се одржа месецов. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија вчерашната седница, сметаа дека Димитров и Османи треба да дадат отчет пред Комисијата за надворешна политика, а не пред Комисијата за европски прашања.