фото: Дарко Андоновски

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на ДИК од обработени 16,88 отсто од гласовите, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 41,77 проценти, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 38,69, а трет е кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и Беса, Блерим Река со 15,65 отсто.

Одзивот во првиот круг на претседателските избори до 18.30 часот изнесуваше 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани.