ДИК: Најголема е излезеноста во ИЕ 1

583
фото: Маја Јаневска Илиева

Излезеноста до 11 часот на ниво на цела Македонија е 13,6 отсто, покажуваат податоците на веб страницата на Државната изборна комисија.
Според податоците на ДИК, највисока е излезеноста во Изборната единица 1, 16,56 отсто, во ИЕ 4 – 16,41 отсто, во ИЕ 3 – 15,96 %…

Најниска е излезеноста во Изборната единица 6 – 7,63 %.

До 11 часот на гласање излегле 199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи во шест изборни единици.