ДИК: Излезеноста до 15 часот е 31,78 отсто

123
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Излезеноста на изборите до 15 часот е 31,78 отсто, соопштија од Државната изборна комисија на прес-конференција. Според обработените податоци од 3.435 избирачки места, гласале 576,395 гласачи.

– ДИК ги собра податоците за излезеноста на гласачите во овие избори до 15 часот и  изнесува 31,78 проценти – соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Најголема излезеност има во Четвртата изборна единица, каде изнесува 35,56 отсто, а најмала е излезеноста во Шестата изборна единица, односно 22,85 отсто.

Портпаролот Шабани информира дека во Првата изборна единица излезедноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.