ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Ново Село

361

Државната изборна комисија (ДИК) го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на предвремените локални избори за градоначалник на Ново Село, по пребројување на гласачките ливчиња.

Во приговорот беше наведено дека бројот на гласачки ливчиња во избирачкото место 1789, наводно, не се совпаѓал со бројот на потписи во избирачкиот список. Но, ДИК констатираше дека има совпаѓање меѓу ливчињата и потписите и побара разрешување на избирачкиот одбор и на Општинската изборна комисија за ова гласачко место поради проблемите со записникот на изборниот ден. Извесно е дека нема да има прегласување, со што се потврдува изборот на Никола Андонов од СДСМ за нов градоначалник на оваа општина.