Дескоска во Хаг ќе потпише три конвенции

84

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска во Хаг во името на Владата ќе потпише три меѓународни конвенции и еден протокол. Станува збор за три меѓународни конвенции кои се развиени под покровителство на Хашката Конференција – две за заштита на правата на детето, како и уште еден инструмент со кој се унапредува системот на меѓународното трговско право и решавањето на споровите кои произлегуваат од меѓународните трговски трансакции.

Станува збор за следните 4 меѓународни инструменти на Хашката Конференција:

– Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година;

– Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година;

– Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година; и

– Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година.