Десет известувања за евентуални нерегуларности пристигнати до јавните обвинителства

38
Фото: Игор Бансколиев

Изборите се одвиваат во мирна атмосфера и без значителен број изборни нерегуларности до 17 часот, известува Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето, но укажува и дека 10 известувања за евентуални изборни нерегуларности пристигнале до јавните обвинителства.

– Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса „[email protected]“ на која граѓаните можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани случени денеска, во тек на гласањето. Поголемиот дел од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас – се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​