Деркоски: Изборниот ден помина во добра и мирна атмосфера

137

Денешниот изборен ден мина во една добра и мирна атмосфера, немаше посериозни забелешки од ниту еден од учесниците во компањата, а немавме ни посериозни забелешки и од оние кои го набљудуваа процесот, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски.

– Од аспект на Државна изборна комисија сметам дека ја постигнавме целта да организираме и спроведеме чист и коректен изборен ден – посочи Деркоски.

Деркоски рече дека во вториот круг во кој се квалификуваа Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, очекува да помине во мирна и коректна атмосфера.