Дебата за иницијативата за промена на изборниот модел

67
Фото: Игор Бансколиев

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во соработка со Иницијативата за една изборна единица, утре во 14 часот во Собранието ќе одржи отворена дебата за предлог-законот за изменување на Изборниот законик и предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик кои се однесуваат на воведување една изборна единица за парламентарни избори, отворени листи за локални избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.