Даул: Покажавме недостиг на визија и решителност и го прекршивме ветувањето

121

Неотворањето на преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија е стратешка грешка со која е изгубен кредибилитетот на Унијата и со тоа е отворена вратата за други големи светски сили, изјави претседателот на Европската народна партија (ЕПП) во заминување, Џозеф Даул, на дводневниот самит на ЕПП, која започна денес во Загреб.

-Покажавме недостиг на визија и решителност и го прекршивме нашето ветување, а со тоа го изгубивме кредибилитетот во регионот и ја оставивме вратата отворена за Русија, Кина, Турција и за земјите од Заливот. Потребна ни е силна и обединета Европа, која може да ја гарантира својата позиција во меѓународен контекст затоа што ниту една земја не може да се соочи сама со предизвиците среде империјалистичката политика на Русија и Кина, гиганти со јасна визија, кои не треба да ги оправдуваат своите одлуки пред граѓаните. Ние треба да ги браниме нашите граѓани, компаниите и нашите вредности – рече Даул.