Дали Европа повторно ќе го изневери Балканот?

749

Дали Европската Унија ќе го испочитува дадениот збор кон Тирана и кон Скопје, или Брисел повторно ќе го изневери Западен Балкан. Сите погледи се вперени кон состанокот на шефовите на дипломатии на земјите-членки во ЕУ во Луксембург, каде што се расправа за прашањето за датум за преговори, пренесува „ЕУроактив“. 

Во редок пример на дипломатски напредок премиерите во Зоран Заев и Алексис Ципрас склучија спогодба која навидум делуваше како невозможна, обврзувајќи се да стават крај на 30-годишниот спор за името. Скопје се обврза да ја преименува државата во Северна Македонија, а Грција се согласи да го поддржи влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ. Грчките дипломати, исто така, тивко ја поддржуваа и Албанија, со што влегувањето на двете соседни држави во ЕУ би можело да отвори нови економски можности за Грција.

Изоставањето на Македонија и Албанија од ЕУ, пак, би можело да има негативни последици за Балканот.

– Постои надеж дека ефектот на ЕУ во подобрувањето на условите за бизнис и на владеењето на правото би можел да делува во Македонија и во Албанија. Останувањето на овие држави надвор од ЕУ, пак, би можело да придонесе за илегална миграција и појава на криминал, а неможноста за пристап до  пазарот на Унијата и до инвестициските фондови, честопати влијае негативно врз моралот на населението население – се наведува во анализата на „ЕУроактив“.