Гутереш: Политичарите во Македонија да продолжат со имплементација на Договорот

141

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, по неделниот референдум,  ги повика политичарите во Македонија да продолжат со спроведување на Преспанскиот договор.

– Фактот што огромно мнозинство од оние кои гласаа го поддржаа Преспанскиот договор е многу важен, порача Гутереш. 

Во соопштението објавено од прес-службата на ОН, Гутереш ги повикува сите политички сили во Македонија да продолжат со спроведување на договорот со Грција во институциите на државата.