Гутереш: Договорот од Преспа е пример за мирно решавање на спорови

282

Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на транснационалните спорови, истакна генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во обраќањето на 18. Меѓународен форум во Доха.

-Договорот меѓу Атина и Скопје е успешен пример за транснационалните напори за затворање на спорни прашања. Договорот ќе има биде од корист за целиот балкански регион – рече Гутереш.

Тој повика на засилување на напорите на меѓународната заедница за решавање и на другите отворени прашања во светот кои предизвикуваат тензии.

– Во ера на хаос и конфузија гледаме голема надеж за успешно решавање на разликите и споровите како што беа меѓу Грција и Македонија за прашањето за името. Тоа нѐ потсетува и ни покажува дека кога работиме заедно можеме да постигнеме големи работи во корист на нашите народи – порача генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.