Груби-Хребичкова: Испорачавме сѐ за датум во март

57

Претседателот на  Комисијата за европски прашања на Собранието Артан Груби, имаше средба со Јањина Хребичкова, специјален пратеник за Западен Балкан  во Министерството за надворешни работи на Република Чешка.

Груби, истакна дека парламентарното мнозинство во рамките на овој мандат кој  заврши вчера, успеа да ги  исполни сите  политички критериуми,но и да ги донесе  реформските закони во областа на правосудството со посебен акцент на Законот за јавното обвинителство. Во тој контекст, побара  без одолговлекување  ЕУ да ни даде датум за почеток на преговорите во  март годинава на Самитот во Загреб.

Хребичкова ја потврди  континуираната поддршка на Вишеградската група за нашите европски аспирации, чија членка е и Чехословачка и дека таа ќе продолжи и понатаму.

Груби за актуелните случувања во земјата посочи дека се во рамките на милјето на  претстојните  парламентарни избори во април.