Гоце Делчев меѓу темите на средбата помеѓу Заев и Борисов предвидена за ноември

124

Гоце Делчев ќе биде една од темите на разговор на средбата на македонскиот премиер Зоран Заев со бугарскиот колега Бојко Борисов, која се очекува да се одржи во Софија во ноември.

Средбата која e предвидено да се оствари до 10 ноември, ја најави Заев на вчерашната прес-конференција со новиот евроамбасадор во Македонија, Дејвид Гир.

Ова ќе биде прва средба помеѓу македонски и бугарски функционери по испраќањето на т.н. објаснувачки меморандум од Бугарија до земјите-членки на ЕУ, во кој се оспорува македонскиот национален идентитет.