Германската министерка за одбрана во посета на Македонија

125

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Пред Министерството за одбрана ќе биде организирана официјалната церемонија за пречек на Фон дер Лаин, по што следуваат тет-а-тет средба со министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, како и разговори на двете делегации.

Министерките Шекеринска и Фон дер Лаин ќе учествуваат и на панел-дискусија во организација на фондацијата Конрад Аденауер, на тема „Улогата на цивилното општество при процесот на интеграција во НАТО и ЕУ“.