Гаши: Нашата битка не е со СДСМ и Беса, туку ДУИ да замине во опозиција

173

За лидерот на Алтернатива Африм Гаши, коалцијата СДСМ-Беса не е пречка на патот кон освојување на албанскиот електорат. Како што изјави Гаши, Колацијата Алијанса за Албаниците и Алтернатива, главната битка ќе ја водат со ДУИ, односно ова партија да ја напушти власта и замине во опозција.

– СДСМ не ја води битката со нас, ќе ја води со ВМРО-ДПМНЕ. На оваа колација со Беса не гледам на некаква закана, туку напротив расчистување на патот и дилемите кај албанскиот електорат. По коалцирањето на Беса со СДСМ има одреден револтат кај голем број гласачи бидејќи ова соединување не било очекувано за нив. Но, не би сакал да навлегувам во тоа, за нас најважно е да го победиме ДУИ, кој треба да замине во опозиција, а ние да ја освоиме власта – дециден беше Гаши. 

Лидерот на Алтернатива рече дека доколу ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство мандати ќе преговара за колација во власта, затоа што така одличило мнозинството гласачи. Но, Гаши не ја исклучи можноста и за коалицирање со СДСМ, при што рече дека, сепак, дали ќе формираат влада ќе зависи од усогласеноста на програмите на коалиционите партнери.

– Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите и освои мнозинство мандати доволни за формирање влада, ние ќе мора да ја почитуваме волјата на граѓаните и да преговараме за коалиција со оваа партија. Истото важи доколку победи СДСМ нема разлика. За преговори не е проблем, но дали ќе ги усогласиме програмите и ќе се договориме е сосема друга работа. Но, засега ова е хипотетичко прашање и моето размислување го темелам на работите од денешна перспектива. Што и како ќе се случува, останува да почекаме како ќе поминат изборите – додава Гаши.

Како што рече лидерот на Алтернатива, анкетите покажале дека две третини од глачите кои излегуваат на избори сакаат промена на албанската политичката сцена, што, според него, ова е шанса заедно со Села да го освојат мнозинството кај албанскиот електорат.