Во Прилеп се гласа на 130 избирачки места

72

Во Прилеп денеска своето право на глас може да го остварат 64.004 граѓани. Гласањето се одвива непречено на 130 избирачки места.

Дванаесет изборни места се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи, а 13 се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.
Гласаат и граѓаните во општина Кривогаштани каде се запишани 4802 гласачи на 13 избирачки места, а во општина Долнени своето право на глас може да го остварат 11 686 избирачи на 40 гласачки места.
Ка.М.