Во Прилеп се гласа мирно и според протоколите

60

Според протоколите, мирно се гласа на сите гласачки места во Прилеп. Граѓаните некаде чекаат во ред, некаде веднаш стигнуваат до избирачкиот одбор и гласаат. Кога го посетивме ИМ 1396 во ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, гласаа неколкумина граѓани, кои рекоа дека дошле да си го остварат своето право на глас. Претседателот на одборот, Васе Ристеска, вели дека избирачите ги почитувале мерките, и според прописите доаѓаат да гласаат со маска.

– Имаме 818 избирачи. До пладне имавме излезност од над 25 проценти. Очекуваме и натаму гласањето да тече нормално, според прописите – вели Ристеска.

Во Прилеп се гласа на 130 избирачки места, а според последните информации излезноста е над 30 отсто.

Ка.М.