Во Лондон Заев се сретна и со премиерот на Хрватска

84

Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на НАТО по повод 70-годишнината од постоењето на Алијансата, оствари средба и со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. 

Успехот на Македонија во процесот за пристапување кон полноправно членство во НАТО е израз на спроведувањето на реформите и на успешното решавање на сите билатерални прашања, а членството во Алијансата доаѓа како потврда на исправноста на овие политики, утврдија двајцата премиери на средбата.

Пленковиќ на средбата ја потврди силната поддршка од Хрватска за Македонија и истакна дека двете земји сега имаат уште една заедничка точка која ги поврзува и ги охрабрува за продлабочување на пријателските односи со сојузништвото во НАТО.

На средбата заеднички е констатирано дека позитивниот момент е одлична мотивација за исправање на грешката на ЕУ, кога на последниот самит на Европскиот Совет не беше одобрено стартувањето на преговори со Македонија и дека во претстојниот период, кога Хрватска ќе го преземе претседавањето со ЕУ, треба да се создадат сите неопходности Македонија да го започне овој процес.