Во Кичево од 35 пријавени, 32 лица со ковид-19 и во изолација го дале својот глас

173
Фото: Зоран Антоски

Во општина Кичево каде што беа пријавени 35 лица со ковид-19 и во изолација, да гласаат во домашни услови, своето демократско право го искористиле 32 лица, додека две лица иако се пријавиле одбиле да гласаат, додека едно лице во меѓувреме е префрлено на болничко лекување. Во оваа општина денешната операција ја извршија два избирачки одбори составени од здравствени работници и претставници на политичките партии.

– Според сите протоколи пропишани за ковид 19, своето демократско право на глас денес го искористија лицата во изолација и болни од ковид-19. Иако во нашата општина 35 лица од оваа категорија се пријавија да гласаат на парламентарни избори, сепак, три лица не го искористија правото на глас, едно лице во меѓувреме е упатено на болничко лекување во друг град, додека две лица иако се пријавиле да гласаат, кога ги посетиле избирачките одбори одбиле да го искористат своето демократско право на глас, и така од 35 гласаа 32 лица – истакна Антигона Сефери, претседател на ОИК за Општина Кичево.

Инаку, во општина Македонски Брод пријавените 3 лица со ковид 19 и во изолација, денес го искористија своето право на глас. З.А.