ВМРО-ДПМНЕ: Членството во НАТО е вложен труд на многу генерации

133

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита членството во НАТО, што, како што наведуваат од партијата, претставува остварување на нашата стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно.

– НАТО претставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси.
Реалноста е дека македонските граѓани денес се чувствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување политика на принципи и вредности.

ВМРО-ДПМНЕ како партија чиј фундамент е слободата, правдата и принципите ќе продолжи да работими да се бори за овие цели. Нашиот сон и нашата кауза за слободна и напредна Република Македонија е она на коешто се обврзуваме, а тоа значи дека нашата борба продолжува, затоа што Македонија го заслужува – се додава во партиското соопштение.