ВМРО-ДПМНЕ утре на протести поради загадениот воздух

109
Стапката на смртност од ковид-19 е поврзана со густината на населеност и високата концентрација на ПМ 2,5 честички

ВМРО-ДПМНЕ повика утре на протести поради загадениот воздух. Протестите ќе се одржат во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово.

Протестот во Скопје ќе почне во 19 часот пред Владата.

– Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност – порача опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.

– Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки – велат од ВМРО-ДПМНЕ.