ВМРО-ДПМНЕ останува во Собранието

311

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Собранието, било заклучено на синоќешната седница на Изршниот комитет на партијата. 

– ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата – соопштуваат од партијата.

На одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и претходеше изјавата на лидерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека не гледа причина за натамошно учество на пратениците од партијата, поради отстапувањето од договорот за распуштање на Собранието до 12 април.