ВМРО-ДПМНЕ: Една година по 27 април, живот дојде за луѓето од власта

868

Една година после 27-ми април, ситуацијата е следна. СДСМ и ДУИ профитираа, а државата и граѓаните губат секојдневно. Животот дојде само за криминалниот картел во власта. Се краде на ангро, а ниту еден граѓанин не живее подобро, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. На државен трошок се врабоуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година беше бетониран на нула, за разлика од сите земји во регионов и Европа, кои ја искористија поволната економска клима. Задолжувањето го проби плафонот, а капитални инвестии нема ни за лек – се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДСМ и ДУИ ја окупираа владата и институциите, но правда за семејствата на егзекутираните момчиња кај Смилковско езеро нема.

-Една година по настаните од 27 април, нема никаква истрага за политичкото насилство сторено врз Уставот. Се монтираат политички обвиненија и оперски пејачи се прогласуваат за терористи, а никој не прашува кој ја даде наредбата и зошто токму во време на протестите беше донесена одлука да се реализира неуставниот избор за претседател на Собранието? Никој не спроведува истрага кои се тие вооружени групи во Чаир и во околината на Скопје кои биле подготвени да тргнат кон Собранието? Под чија команда биле? Дали имале намера да пукаат во насобраните граѓани? Дали непостапувањето на институциите против нив значи дека некој сè уште сака да ги има под контрола и да ги повика на оружје доколку почувствува потреба – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека Игор Дурловски, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Митко Чавков или пратениците се терористи, а обвинението против нив е политичка конструкција за да се покрие силувањето врз Уставот.