Влада на РМ: Медиумските шпекулации не придонесуваат за изнаоѓање решение за името

252

Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на РМ.

Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат за оваа стратешка цел од национален интерес, велат од македонската Влада во врска со шпекулациите пласирани од регионални медиуми.

Најаважно е, како што посочуваат од Владата, да се постигне квалитетно и заемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо.

– Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име – велат од Владата.

Српски „Курир“ синоќа напиша дека преговорите пропаднале поради максималистичките грчки барања.