Владата ја прифати информацијата за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем

189

Владата на денешната седница ја прифати информацијата за потребата од формирање на меѓуресорска работна група којашто ќе предложи модел на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем.

Од владината прес-служба информираа дека министерот за внатрешни работи е должен во рок од три дена од добивањето на номинациите до Владата да достави Предлог-одлука за формирање на меѓуресорската работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно- разузнавачкиот систем со План за негово воспоставување.