Владата донесе Етички кодекс за однесување на функционерите

481
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Владата на Македонија донесе Етички кодекс за однесување членовите и јавните фукнкционери кои се именувани од владата. Со него се предвидува промовирање на интегритетот на функционерите и се верува дека ќе делува превентивно при однесувања на корупција или криминал.

Според Владата, оние кои ќе ги прекршат правилата ќе се соочат со службена критика, политичка одговорност или оставка и одговорност пред законот.

Mинистерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, истакна дека строго ќе се почитуваат механизмите и дека нема да има отстапки ниту за еден функционер. Тој смета дека Кодексот треба да биде водилка за примерност и одговорност на функционерите.