Бучковски: Не можеме да ја смениме историјата, но можеме да работиме на зближување на народите

1422

Специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски, истакна дека Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, по денешната средба со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во Софија. Бучковски изрази задоволство од конструктивните разговори со Захариева и нагласи дека неговата задача ќе биде да го координира исполнувањето на Договорот за добрососедство, но не и во делот на историјата.

– Изразувам задоволство што Владата на пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме загубената доверба. Се согласивме дека во периодот што претстои треба повеќе да се фалиме со сработеното, отколку со празни зборови – порача Бучковски, признавајќи дека дека во моментов довербата меѓу двете земји е нарушена.

– Заедничката историја не може да ја смениме, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка и во зближување на двата народа – кажа Бучковски.