Бучковски именуван за специјален претставник за Бугарија

573

Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде назначен за специјален владин претставник за Бугарија, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од Владата.

Бучковски е и поранешен министер за одбрана и некогашен лидер на СДСМ, кој во последно време е активен со своите ставови за недоразбирањетата помеѓу Македонија и Бугарија.