Бугарското МНР ја поздрави поканата до Македонија за НАТО

54

Ја поздравуваме одлуката од самитот  на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата – решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, се посочува во соопштение на бугарското МНР, лиферувано од БТА.

„Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи“, се наведува во соопштението.

Од наша страна, продолжува бугарското МНР, ќе продолжиме да ја даваме неопходната поддршка во духот на нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишавме во 2017 година, и додава дека „постигнатиот напредок го гледаме и како успех на нашата активна политика за европска и евроатлантска иднина на целиот регион – успешно реализиран приоритет во рамките на штотуку завршеното бугарско претседателство со Советот на ЕУ“.

Поканата кон Република Македонија е јасна потврда дека политиката на „отворени врати” на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.