Бугарскиот претседател свика консултативна средба за Македонија

568

Бугарскиот претседател, Румен Радев, свика консултативна средба за билатералните односи со Македонија и очекуваната покана од Европската унија за почеток на преговорите за членство.

Средбата ќе се одржи утре и ќе се фокусира на билатералните односи меѓу двете земји, во контекст на резултатите од работата на Заедничката експертска комисија за историски и едукативни прашања и очекуваната покана до Македонија за пристапување во Европската унија, јавуваат бугарските медиуми.

Поканети се да присуствуваат премиерот Бојко Борисов, претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, вицепремиерката за правосудни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева, координаторите на парламентарните групи, претседателите на собраниските комисии за надворешна политика и за европски прашања и контрола на европските фондови, на изборната комисија, како и претставникот на Мешовитата експертска комисија за историски и образовни работи.