Бугарската блокада е ризик за создавање на уште една пукнатина во НАТО

198
Фото: Игор Бансколиев

Пишува „Катимерини“

Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во Европската Унија со Северна Македонија ризикува да создаде уште една пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две нејзини земји-членки – Грција и Турција – веќе се длабоко поделени и сега се појавија уште две земји кои се во судир, поради полемика стара два века на етничка основа, пишува Ставрос Цимас во коментар за „Катимерини“.

Според Цимас, и Бугарија и Македонија се клучни регионални членки на алијансата. Бугарија за нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија и Северна Македонија, како тампон против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно го чувствуваат влијанието на американско-рускиот конфликт на влијание.

– Меѓутоа, НАТО се чини дека е нарушен од ривалството Софија-Скопје, сметајќи го за европско прашање што треба да го решат земјите-членки на ЕУ. Приговорите на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегуваат од критериумите за пристап, како што е потребата за зајакнување на демократијата и сузбивање на корупцијата; наместо тоа, тие се поттикнуваат од историски тврдења што предизвикуваат национализам од обете страни и во одреден момент наскоро ќе имаат влијание врз НАТО, освен ако не се решат овие разлики.

Антибугарската треска се зголемува во Северна Македонија, со благослов на политичкото раководство и медиумите, а ставот на Скопје кон Софија станува поагресивен. Индикативно е отфрлањето на барањето на Софија да учествува во воздушното полициско работење на НАТО во Северна Македонија, како и повлекувањето на интересот за бугарската нуклеарна централа Белене, и одбирајќи место тоа да се поддржи проектот за природен гас во северното грчко пристаниште Александрополи. Во меѓувреме, Бугарија се подготвува за избори на пролет, а политичкиот врв многу се занимава со националистичките чувства, обидувајќи се да формира нова балканска агенда инспирирана од Отоманската Империја и големите аспирации од 19 век, обвинувајќи ги своите балкански браќа дека се оддалечуваат од виситнскиот пат, се вели во коментарот.