Бугарија може да остане сама во спорот со Македонија

752

Бугарија нема јасен концепт за целите што сака да ги постигне во односите со Северна Македонија. Општо, Бугарија нема целисходна политика што строго ќе се следи и нема да се отстапува од неа, истакна Кирил Илиев, историчар од Институтот за балкански студии при Бугарската академија на науките, во изјава за ТВ Блумберг, коментирајќи ја бугарската позиција кон Скопје и ставот на Германија како актуелен претседавач со ЕУ дека не треба да се поставуваат нови критериуми.

Тој додаде дека Бугарите се прекумерно емоционални за македонското прашање, додека во Србија и Грција пристапуваат прагматично според нивниот интерес. Бугарскиот историчар смета дека во Бугарија и во Македонија има партии и личности чиј политички живот се темели целосно на македонското прашање.

Илиев се надева дека комисијата формирана од експерти од двете земји наскоро ќе продолжи да работи и ќе ги расчисти несогласувањата.