Британската премиерка Тереза Меј во официјална посета на Македонија

904

Делегација на Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, предводена од премиерката Тереза Меј, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Церемонијата за добредојде на британската делегација, ќе се одвива на платото пред Владата на Република Македонија, по што е предвидена тет-а-тет средба меѓу премиерите Заев и Меј, како и билатерален состанок на македонската и британската владина делегација.

По средбите, претседателите на Владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата на Република Македонија.