Богојески од Аеродром: Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро

44

Граѓаните од Аеродром гласно ги искажаа своите проблеми со кои се соочуваат со години. Големи се незадоволството и разочараноста од политиките на сегашниот владин состав. Сакаат промени, и тоа промени што ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски, истакна Петар Богојески, носител на листа во ИЕ 1.

– Денеска, заедно со мојот тим од Македонски концепт го посетивме Аеродром, каде што разговаравме со тамошните граѓани. Маката на граѓаните ја гледам во секоја нивна црта од изнемоштените лица. Нашиот народ веќе нема верба во државата. Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години. Нашиот живот не е импровизација, да не дозволуваме други да ни го водат, затоа што граѓаните се тие што ги трпат последиците – вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Македонски концепт е тука да ги чуе проблемите на граѓаните и заедно со нивните сугестии да се реализираат политики, кои ќе значат живот за секој граѓанин одделно. Живот во фер општество и граѓанска држава, држава во која приоритетите на граѓаните ќе бидат пред личните приоритети на политичарите, држава без етнички партии, слободни граѓани, правда и сигурност за секого, ефикасно здравство, образование, држава на народот.

– Гласот за 10 е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници што ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарда евра за обесштетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. 10. е глас за искористување на нашата последна шанса за достоен живот – порача Богојески.