Богоев ќе учествува на националниот молитвен појадок во Вашингтон

239
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе биде во официјална посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествува на Националниот молитвен појадок, кој ќе се одржи по 68 – ми пат, а е во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти СДСМ.

Богоев ќе има средби со повеќе конгресмени, како и со претставници од Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Националниот молитвен појадок обединува повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои зборуваат на различни политички и социјални теми.