Беса и Алијансата со заеднички претседателски кандидат

420

Движењето Беса и Алијансата за Албанците ја поддржуваат кандидатурата на Блерим Река за Претседател на Република Северна Македонија.

-Како опозициски партии, сметаме дека претседателските избори во земјата немаат значење без кандидат албанец, бидејќи во спротивно Албанците ќе бидат сведени само на гласачи кои гласаат, но не и за субјект за кој треба да гласаат. Од принципиелни причини, ја поддржуваме кандидатурата за Претседател на професорот Река. Неговото богато академско и дипломатско искуство би ја зајакнал функцијата Претседател на државата – информираат од Движењето Беса.