Безусловната препорака– потврда за спроведените реформи и имплементација на европските стандарди

64

Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се сретна со делегацијата на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), предводена од Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи.

Главна тема на дискусија беше Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година, во контекстот на спроведените реформи во Министерството за правда.

Дескоска го изрази своето задоволство за добиената безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ и потенцираше дека истата претставува потврда за успешноста на спроведените реформи кои се во надлежност на Министерството за правда.

Исто така, министерката Дескоска ги информираше известителите дека работата на новоформираната Државна комисија за спречување на корупцијата веќе дава добри резултати, а дека најдобро за тоа говорат постапките кои таа ги води против носителите на јавните функции.

Дескоска истакна очекување за имплементацијата на веќе донесените закони во сферата на судството.

За време на состанокот, министерката Дескоска изрази благодарност до Венециската комисија за нивната драгоцена поддршка во процесот на подготовка на законските решенија и потенцираше дека резултатот од нивната поддршка е исто така видлив во извештајот за напредокот на земјата.