Бачев поднесе тужба за бришењето на името на коалцијата „Никогаш Северна, само Макеоднија“

129

Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“, Јанко Бачев поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за како што вели незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче.

Бачев вели дека доколку имало неправилности при поднесувањето на листите или проблем со името на колацијата ДИК требала во рок од 48 часа да се произнесе и да го извести политичкиот субјект. Коалцијата бара одговорност за повреда на избирачкото право, бидејќи според неа името било избришано незаконски и непосредно пред денот на изборите.

– Не е спорно што листите се поднесени со назив „Никогаш Северна, само Македонија“ не е спорно дека листите се поднесени во законски утврден рок, не е спорно дека се поднесени од овластен претставник на коалицијата, не е спорно дека се потврдени од страна на ДИК и дека се утвредени неправилности. Меѓутоа на ваквата неспорна фактичка состојба, ДИК од нему познати причини во заднина и надвор од очите на јавноста го избришал називот на листата „Никогаш Северна, само Макеоднија“ и ние практично на изборите настапивме како безимен субјект – вели Бачев.

Од оваа коалција тужба до Управен суд следи и за отфрлениот приговор, за неважечките над 24 066 гласачки ливчиња за кои се сомневаат дека се фалсификувани, а требало да завршат на нивно конто.