Ахмети откри дека Македонија и Бугарија размениле понуди и документи

3548

Лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека се разменети понуди и документи со Бугарија за кои смета дека не е време да ги сподели со јавноста, како и дека треба да се почека реакцијата од Софија, во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21. 

– Мислам дека не е време да споделувам со јавноста за понудите или последните документи кои се разменети. Ќе почекаме да ја видиме реакцијата од Бугарија – изјави Ахмети, истакнувајќи надеж дека до крајот на годинава ќе има добри вести од Софија.

Ахмети нагласи дека ова е важен момент за да се демонстрира заедништво.

– Многу важен момент е за да демонстрира пред сите граѓани, особено пред нашите сожители Македонци, дека ги делиме доброто и лошото и дека ќе стоиме рамо до рамо заедно и во решавање на овој спор – потенцираше лидерот на ДУИ.