Артан Груби на молитвен појадок во Вашингтон

94

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, истовремено и организациски секретар на Демократската Унија за Интеграција, ќе присуствува во Вашингтон, САД, со покана од Американскиот Конгрес, за да присуствува на традиционалниот Молитвен појадок, со учество и на претседателот на САД, Доналд Трамп, и лидерите на многу други земји.

Груби по петти пат го посетува Вашингтон во последните две години и ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот, Елиот Енгел, сенаторот Џејмс Инхоф, заменик помошникот државен секретар,Метју Палмер, директорот за централна и јужна Европа на Стејт Департментот, Давид Костеланчиќ, конгресменот Роберт Аделхорф заедно со други конгресмени, како и ќе учествува на два форуми во Американскиот Сенат и на Атланскиот Совет.

Пратеникот Груби е претседател на Групата за пријателство помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.