Апелација ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

57
Фото: Дарко Андоновски

Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

Обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација. Тие влегле во земјата, се засолниле и во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 2015 извршиле терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.