Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

251

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада.

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана – напиша Брнз на „Твитер“.
Таа нагласи и дека САД ја поддржува посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина.