Адеми ја повика дијаспората масовно да гласа на референдумот

446

Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва.

Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање.

– Како што знаете Државната изборна комисија донесе правилник со кој на дијаспората и го овозможи правото да гласа во дипломатско конзуларните претставништва. Сега од 9 до 23 август тече рокот за електронско пријавување за тие кои се заинтересирани да гласаат и јас сакам да ја искористам приликата од овде од Македонска Каменица да ги повикам што помасовно да се пријавуваат, да го искористат своето законско право и да гласаат онака како што мислат дека треба да гласаат. Кога ќе започне кампањата, во план е посета и средби со нив, надвор, во дијаспората, каде ќе го објасниме договорот помеѓу Р. Македонија и Р. Грција и зашто тој договор е важен за перспективата на нашата држава – истакна Адеми.

Според статистиката на Светска банка, од Македонија во изминативе две децении во западно-европските и прекуокеанските земји се иселени 460.000 граѓани, кои на изминатите изборни циклуси не пројавија поголем интерес.