Адвокатската комора доби нов претседател

562

Адвокатот Љубомир Михајловски е новиот претседател на Адвокатската комора на Македонија. Тој претходно беше директор на Царинската управа, а во периодот од 2004 до 2006 година беше и министер за внатрешни работи. За негови заменици се избрани Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Изборот за нов претседател на Адвокатската комора се случуваше прексиноќа во Струга. За претседатели беа кандидирани и Звонко Давидовиќ, Наташа Трпеновска- Тренчевска, Димитар Панчевски и Александар Тортевски.