Фото: Игор Бансколиев

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување.
Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.
Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.
Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Фетаху: Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.