Фото: Министерство за одбрана

Солидарни сме со нашиот сосед и сојузник, Грција во борбата со огнените стихии. Еден хеликоптер на Армијата на Република Македонија ќе биде испратен да помогне во борбата со пожарите, додека 30 армиски припадници се подготвени да помогнат доколку се јави потреба, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– Заедно сме посилни, заедно можеме да бидеме победници во борбата со овие природни катастрофи! – напиша Петровска на Фејсбук.

Фото: Принтскрин